14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Праведен и траен мир не може да се постигне без Украина и Европската унија, истакна премиерот Росен Желјазков во објава на социјалната мрежа „Екс“, пренесе БТА.
Премиерот соопшти дека за време на денешната видеоконференција на „Коалицијата на желните“ била разгледана и претстојната средба во Аљаска.
Желјазков увери дека работата ќе продолжи во тесна соработка со САД и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел постигнување мир во Украина, како и долгорочна стабилност, безбедност и просперитет.
Во рамки на денешната виртуелна средба, украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц категорично ја отфрлија можноста за предавање украински територии на Русија. На средбата учествуваа и американскиот претседател Доналд Трамп, високи украински претставници и клучни западни сојузници на Киев, јави Ројтерс.
Претходно беше објавено дека средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи овој петок во американска воена база во Анкориџ, Аљаска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден