СВЕТ

Бугарски пожарникари ќе помагаат во борбата против шумските пожари во Грција

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарскиот модул за помош при гасење шумски пожари замина за Грција, информира БНТ. Екипата брои 20 пожарникари кои ќе бидат распоредени во регионот на Солун.

Ова е четврта година по ред како Бугарија учествува во иницијативата на Европската комисија за превентивно распоредување на тимови во земји со висок ризик од шумски и полски пожари. Бугарските пожарникари заминуваат превентивно, а доколку биде потребно, ќе се вклучат во гасење на пожарите.

Екипата беше испратена од Благоевград од заменик-директорот на Главната дирекција за противпожарна заштита и заштита на населението, старши комесар Љубомир Баров. Тој истакна дека мисијата е рутинска и дека 20 пожарникари и три специјализирани противпожарни возила се распоредени согласно планот. Баров додаде дека пожарникарите ќе бидат заменети на 16 јули, а мисијата е планирана да трае до 30 јули.

Во моментов во Бугарија нема активни пожари од посериозен обем, но доколку состојбата се влоши, модулот ќе биде повлечен и испратен таму каде што ќе биде најпотребно.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени