18 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија мора да развие проактивна, последователна и долгорочна стратегија кон Република Северна Македонија, наместо да реагира само кампањски и задоцнето, предупредува меѓународниот аналитичар Владимир Владимиров во интервју за Бугарското национално радио.
Тој апелираше до бугарскиот политички врв да се обедини околу јасен стратегиски пристап, особено во сферата на инфраструктурата и комуникацијата. „Ако има политичка согласност по ова прашање, зошто да не создадеме стратегија за Македонија? Ако не можеме да се разбереме по историските прашања, барем да дејствуваме во инфраструктурата“, истакна Владимиров.
Според него, критиката кон бугарското Министерство за надворешни работи е оправдана, поради недостаток на конзистентност и долгорочен план. Истовремено, тој посочува дека реалниот дијалог за иднината на Скопје не се води меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Скопје – со што Бугарија ризикува да го загуби своето влијание, доколку не ги засили дипломатските напори.
Аналитичарот потсети дека Бугарија направила значајни гестови во минатото – признавањето на независноста на Северна Македонија и избегнувањето на нејзиното вклучување во југословенските војни – но не успеала да ги наметне овие факти во јавниот дискурс. „Ние правиме корисни работи, но не ги браниме како политички став. И на терен, странски сили како Србија не победуваат во секоја рунда“, рече Владимиров.
Тој ја потенцира и улогата на комуникацијата, велејќи дека Бугарија нема стратегија за медиумско присуство и наратив во Македонија – сериозен недостаток во време кога битките се водат преку наративи, а не само со дипломатски белешки.
Во тој контекст, Владимиров ја истакна и улогата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во финансирањето на медиуми во Северна Македонија кои шират говор на омраза кон Бугарија. Според истражување на Новиот Бугарски Универзитет, над 90% од таквиот говор доаѓа од медиуми поврзани со олигарх близок до Орбан. „Иако во Бугарија Орбан се прикажува како пријател, токму од неговиот круг доаѓа финансирањето на антибугарска пропаганда“, нагласи тој.
Во врска со европската перспектива на Северна Македонија, Владимиров го минимизираше значењето на извештајот на европратеникот Томас Вајц, оценувајќи го како внатрешен документ на Европскиот парламент. „Позициите на Европската комисија и на Советот на министри се многу поважни – таму Бугарија има реално влијание“, рече тој. Како пример за бугарскиот дипломатски пропуст го наведе фактот дека Вајц имал 31 средба со македонски претставници, но само една со бугарски.
Сегашната ситуација ја оцени како „црвен аларм“ за бугарската надворешна политика и повика на итна активизација. Како прагматичен чекор за намалување на тензиите, предложи покана до македонскиот опозициски лидер Христјан Мицкоски да ја посети Софија.
„Не сме го испуштиле возот, но времето за реакција истекува“, заклучи Владимиров.
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес
Бугарскиот претседател ја осуди дискриминацијата кон Бугарите во С. Македонија
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство