14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во една мала општина во Бугарија, Сунгурларе, група храбри момчиња покажа колку големо срце може да имаат децата. Даниел Голубов, Александар Димитров, Виктор Николов, Атанас Крстев и Станислав Божиков им помогнаа на пожарникарите и доброволците да ги гаснат пожарите што избија во нивниот крај.
Тие не се уплашија од тешката работа. Со својата скромност и желба да помогнат, станаа вистински пример за сите. Нивната помош им даде голема храброст на пожарникарите и на сите кои се бореа со огнот.
Премиерот на Бугарија, Росен Желљзков, заедно со министрите, ги покани овие пет момчиња во Владата. Таму тие беа пречекани со аплауз и топли зборови. Премиерот им се заблагодари и рече дека тие се „посланици на добрината“ и пример за тоа како луѓето треба да си помагаат еден на друг.
Приказната за овие момчиња нè потсетува дека хероите не се само во бајките. И децата можат да направат големи дела – со добрина, храброст и желба да помогнат. Понекогаш, највредните дела се оние што се прават тивко и без очекување награда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден