СВЕТ

Бугарка добитничка на наградата за најдобра актерка на два фестивала во странство

18 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарската актерка Светлана Јанчева е прогласена за најдобра актерка на два меѓународни филмски фестивали, благодарение на својата улога во краткометражниот филм „Пегавата“ (Freckles), во режија на Невена Николова. Нејзината интерпретација ѝ донесе признанија од фестивалот TMFF (The Monthly Film Festival) во Глазгов, како и од SFAAF (South Film and Arts Academy Festival) во Чиле.

Во соопштението на TMFF стои дека филмот „Пегавата“ е награден со титулата „Филм на месецот“ за мај 2025 година, поради начинот на кој преку магичен реализам се прикажуваат дисфункционалностите на општеството. Јанчева е пофалена за својот професионализам и природност во улогата која носи длабока емотивна тежина.

За филмот

Краткометражниот филм трае 16 минути и ја раскажува приказната за постарата жена Зака, која живее на крајот од едно мало село. Позната по своите речиси отровни билни напивки, таа станала симбол на отпор и заштита за жените кои страдаат од семејно насилство. Еден ден, на нејзиниот праг се појавува младата Катја, заедно со своето мало синче. Она што почнува како обично барање помош, се претвора во неочекувано поврзување меѓу трите лика.

Филмот комбинира интимна драма со елементи на магичен реализам, нудејќи силна социјална порака за женската солидарност и отпорот против насилството.

Овие меѓународни признанија претставуваат голем успех за бугарската кинематографија и уште еднаш го потврдуваат квалитетот на филмот „Пегавата“ и актерската изведба на Светлана Јанчева.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени