09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
До крајот на 2025 година, во Бугарија треба да пристигнат уште шест борбени авиони од типот Ф-16, изјави началникот на бугарската одбрана, адмирал Емил Ефтимов, пред почетокот на воената вежба „Балкански страж 2025“. Тој не прецизираше точни датуми или рокови за испорака.
Според Ефтимов, вториот авион од првата серија од осум Ф-16 веќе пристигнал во Третата авијациска база и моментално се спроведуваат сите процедури за негово официјално прифаќање:
„Сè е во ред – авионот слета, беше сервисираn и обезбеден од бугарските техничари. Тоа ми дава сигурност дека процесот тече добро. Нашиот персонал стекнува искуство и знаење, работат заедно со американските колеги, но сите процедури за одржување и прием ги врши нашиот инженерско-технички состав. Тоа е нормален тек на работите.“
Целта, вели адмиралот, е до крајот на годината да бидат прифатени сите осум авиони – и административно и технички – и тие да бидат во гаранција и редовна експлоатација:
„Работиме во оптимални рокови за да ги постигнеме првичните оперативни способности. Командата на Военото воздухопловство е доста амбициозна – со приемот на авионите, сакаме веќе следната година да започнеме со редовни борбени дежурства за воздушна одбрана.“
Во однос на првиот испорачан авион, Ефтимов изјави дека тој веќе врши летови и е во добра состојба, но сè уште не е вклучен во борбено дежурство:
„Станува збор за процес – од прием, преку обука, до постигнување на почетни способности. Не се очекува борбено дежурство оваа година, туку најрано од следната. Работите се движат во добар правец, и тоа се должи на заложбите на персоналот во базата и воздухопловното командување. Во меѓувреме, се уште се одржува и МиГ-29, се носат борбени дежурства, и сето тоа паралелно со интеграцијата на новата платформа.“
Адмиралот изрази оптимизам и за пристигнувањето на останатите авиони:
„Немам сомнеж за испораките – според информациите од САД и од производителот, процесот се подобрува, грешките се коригираат, и сите страни стекнуваат повеќе искуство.“
Воениот полигон Корен денес ќе биде домаќин на тактичка вежба со борбено гаѓање, во која ќе учествуваат копнените сили од Бугарија, Италија, САД и Романија.