14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Владата на Бугарија одобри проект на договор со Италија за соработка во областа на одбраната, со цел заедничка изградба и користење на воени објекти на територијата на војничкиот комплекс „Кабиле“.
Според соопштението од Министерскиот совет, оваа иницијатива е дел од обврските што Бугарија ги презема како полноправен член на НАТО. Во рамките на проектот ќе се изгради современа воена инфраструктура, наменета за сместување и поддршка на мултинационалната борбена група стационирана на бугарска територија, пренесува БНР.
Изградбата на воените објекти во „Кабиле“ се оценува како стратешки чекор за зајакнување на одбранбените капацитети на Република Бугарија и на НАТО. Од Владата истакнуваат дека проектот ќе обезбеди соодветна инфраструктура не само за тековно распоредување на силите, туку и за евентуално нивно проширување во иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден