30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Морската вода во Приморско е прогласена за најчиста во Бугарија и втора по квалитет во цела Европа, покажува најновиот извештај на Европската агенција за животна средина при Европската унија.
Според податоците, квалитетот на морската вода во Приморско достигнува речиси апсолутна чистота од 99,4%, што е речиси совршена вредност. Овој извештај го потврдува водечкото место на Бугарија по квалитет на водите за капење во ЕУ, каде што се рангира веднаш зад Кипар.
Како што информира еврокомесарката за животна средина и одржливо управување со водите, Џесика Розвол, дури 96% од водите за капење во Европската унија ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет, при што 85% се оценети како „одлични“, а само 1,5% се со „лош“ квалитет.
Во рамките на Бугарија, најчисти води се регистрирани околу Маслен нос кај Приморско (99,4%), кајбрежјето до Меѓународниот младински центар во Приморско (99,1%) и Северниот плаж во близина на резиденцијата „Перла“ (98,9%).
Градоначалникот на Приморско, Иван Гајков, изјави:
„Ова е извонредно признание што не прави горди и не обврзува да продолжиме со напорите за заштита и зачувување на нашата природа. Приморско располага со над 40% заштитени зони, нема индустриски паркови и нема големи загадувачи, што заедно со современата пречистителна станица дава одличен резултат за чистотата на водата. Таквиот рејтинг е и значителна поддршка за туристичкиот сектор.“
Истражувањето на Европската агенција за животна средина опфатило над 22.000 водни басени низ Европа, вклучително и повеќе од 850 локации во Бугарија, најмногу долж Северното и Јужното Црноморие. Според методологијата, водата се оценува како „одлична“, „добра“, „задоволителна“ или „лоша“, врз основа на присуството на бактерии што укажуваат на загадување од отпадни води, сточарство, нафтени излевања и микропластика.
Во извештајот се наведува и дека Франција е под европскиот просек со 85% квалитетни води, од кои 74,2% се со одличен квалитет, додека 3,4% се лоши. На дното на ранг-листата се наоѓа Албанија, каде само 16% од водите се оценети како „одлични“, што е пад од над 25 процентни поени во споредба со минатата година.
Одличната чистота на морската вода во Приморско се должи на отсуството на индустриски активности, на современите пречистителни системи, како и на морските струи кои овозможуваат редовно обновување и природно самопречистување на водата, стои во извештајот.