13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија ќе воведе една од најстрогите регулативи во Европа кога станува збор за безбедноста на атракционите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов на изслушување во собраниската комисија за транспорт и комуникации.
Според Караџов, Бугарија, заедно со Кипар и Грција, ќе има највисоки стандарди за безбедност. Законопроектот за општи барања за безбедност при пружање атракциони услуги со зголемен ризик е ставен на јавно разгледување оваа недела.
Со него, за првпат се воспоставуваат национални правила за регистрација, контрола и транспарентност на операторите на атракциони услуги. Министерството за туризам ќе води јавен регистар, кој ќе биде задолжителен за сите што сакаат да ја вршат оваа дејност.
Министерот информира дека работата на наземните оператори се подобрила, а жалбите на патниците значително се намалиле. Тој најави дека ќе предложи десеткратно зголемување на казните за авиокомпании и оператори што прават нерегуларности при сервисирање на патниците.
Караџов остро ја критикуваше компанијата Ryanair, обвинувајќи ја за арогантен однос кон бугарските власти и патниците. Како пример наведе инцидент од август, кога семејство со деветгодишно дете со посебни потреби било симнато од авион поради батеријата на инвалидската количка.
Во врска со државното претпријатие „Бугарски пошти“ ЕАД, Караџов откри дека компанијата има долг од над 120 милиони лева кон приватни партнери и плаќа казнени камати. Тој додаде дека се преземаат мерки за ограничување на трошоците, но потенцираше дека државата мора да ја поддржи оваа структура, бидејќи таму се исплаќаат најниските плати во државата.
Парламентот веќе изгласа измени во Законот за поштенските услуги, со кои се продолжува рокот за задолжителното обезбедување универзална поштенска услуга за уште пет години, од декември 2025. Со тоа, се гарантира пристап до поштенски услуги и во најоддалечените региони.
За стабилизација на „Бугарски пошти“ е изготвен план за преструктурирање. Предложено е државата да ја надмине сегашната граница на компензација од 15 милиони евра, дозволувајќи целосно покривање на трошоците за услугата. Караџов изрази надеж дека голем дел од натрупаниот долг ќе биде отплатен до крајот на годината, со што ќе се обезбеди нормално функционирање на компанијата.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден