05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија е на чекор до најзначајниот економски потег во последните децении – приклучување кон еврозоната на 1 јануари 2026 година. Веста ја соопшти премиерот Росен Желјазков на заедничка прес-конференција со еврокомесарите Валдис Домбровскис и Екатерина Захариева, како и со министерката за финансии Теменужка Петкова.
Желјазков оцени дека преминот кон еврото ќе има длабок позитивен ефект врз економијата на земјата, придонесувајќи за повисок економски раст, поголеми приходи и приближување на животниот стандард кон оној во западноевропските држави.
„Преминот кон еврото ќе се спроведе по јасен, транспарентен и одговорен план, во целосна согласност со критериумите за одржливост. Тоа нема да бара буџетска ревизија ниту претставува ризик за јавните финансии,“ изјави премиерот.
Бугарската влада веќе воспостави Механизам за координација и контрола на процесот на воведување на еврото. Овој механизам предвидува стриктен надзор врз трговијата, за спречување на нелојални практики и неосновано покачување на цените.
Дополнително, воспоставена е телефонска линија за граѓански пријави, а потпишан е и меморандум за соработка со синдикати, работодавачки организации и стопански комори, насочен кон спречување на евентуални шпекулации во периодот на транзиција.
„Подготвени сме да реагираме веднаш и да ги спречиме злоупотребите уште во нивната рана фаза“, нагласи Желјазков.
Обмената на бугарските левови во евра ќе биде едноставна и бесплатна. Во првите шест месеци од воведувањето, граѓаните ќе можат да ги заменуваат левовите за евра во сите банки и пошти, а Бугарската народна банка ќе продолжи со размена без временско ограничување.
Премиерот ги повика граѓаните да не се грижат за вредноста на нивните заштеди: „Курсот е фиксиран, вредноста на парите се задржува, а заштедите се целосно гарантирани.“
Еврокомесарката Екатерина Захариева ја поздрави подготвеноста на Бугарија за пристапување кон еврозоната, нарекувајќи го тоа „една од најдобрите вести за идните генерации“.
Членството во еврозоната е следниот логичен чекор за земјата, која веќе е дел од Европската унија и банкарската унија. Според експертите, влезот во еврозоната ќе донесе поголема сигурност, стабилност и пристап до дополнителни финансиски механизми за развој.