СВЕТ

Бугарија, Романија и Турција се заложија за посилна одбранбена соработка во Црноморскиот регион

03 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Началниците на одбраната на Бугарија, Романија и Турција одржаа трилатерална средба во Софија на 2 јули, со цел унапредување на одбранбената соработка и координација во Црноморскиот регион. Средбата се одржа на покана на началникот на одбраната на Бугарија, адмирал Емил Ефтимов, а учествуваа и генерал Георгица Влад од Романија и генерал Метин Ѓурак од Турција, пренесе БГНЕС.

На состанокот беше направен детален преглед на безбедносната состојба во регионот, при што трите држави се согласија за потребата од зголемена будност, адаптивност и зајакната координација на заедничките активности.

Началниците на одбраната истакнаа дека засилената воена соработка претставува клучен фактор за стабилноста и безбедноста во Црноморскиот регион.

Посебен акцент беше ставен на активностите во поморската област, при што беше пофалена работата на Противминската група во Црно Море, која значајно придонесува за безбедноста на пловидбата и заштита од потенцијални закани.

Покрај тоа, учесниците дискутираа и за други иницијативи од заеднички интерес, со цел понатамошно продлабочување на воената соработка меѓу трите сојузнички и пријателски држави.

Началниците ја потврдија својата решеност да продолжат со заеднички активности и да го унапредуваат трилатералното партнерство за обезбедување поголема стабилност и безбедност во Црноморскиот регион.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени