02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарија одбележува една година од своето полноправно членство во Шенген-просторот, што претставува значаен чекор во европската интеграција на земјата и олеснување на слободното движење во рамки на Европската унија.
Да потсетиме дека на 12 декември 2024 година Советот на Европската унија донесе одлука да се укинат проверките на копнените шенгенски граници за Бугарија и Романија. Со тоа беше заокружен долгогодишниот процес на нивното приклучување кон Шенген.
Двете земји го очекуваа членството уште од 2010 година, кога Советот на ЕУ оцени дека ги исполнуваат сите законски услови. И покрај оваа позитивна оценка, како и повеќекратните повици од Европската комисија и Европскиот парламент, во наредните години не беше постигнато потребното едногласие меѓу земјите членки на Советот на ЕУ.
Од 31 март 2024 година Бугарија и Романија целосно ги применуваат правилата и законодавството на Шенген. Од тој датум беше укинат и контролниот режим на внатрешните воздушни и поморски граници. Оваа одлука беше донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември 2023 година, а на 1 јануари минатата година Бугарија официјално стана полноправна членка на Шенген-просторот.
Иако во јавноста постоеја стравувања дека укинувањето на граничната контрола ќе доведе до зголемен миграциски притисок, таквите сценарија не се остварија. Напротив, директорот на Граничната полиција, главниот комесар Антон Златанов, на 22 декември изјави дека во 2025 година е забележано намалување на миграцискиот притисок за 70 проценти. Истовремено, евидентиран е значителен пораст на откриени кривични дела поврзани со шверц, рекорден број разбиени криминални групи за трговија со мигранти и други сериозни безбедносни успеси.
Во октомври минатата година, бугарскиот Министерски совет го одобри создавањето Национален механизам за координација и контрола на примената на шенгенското законодавство. Овој механизам ќе врши постојан мониторинг на ефикасната и правилна примена на правилата на Шенген во земјата. Во неговата работа ќе учествуваат претставници на политичко ниво од сите релевантни институции, а ќе биде раководен од национален координатор за Шенген – заменик-министерот за внатрешни работи задолжен за прашањата поврзани со Европската унија.
Со ова, Бугарија ја зацврстува својата позиција како сигурна надворешна граница на Шенген и активен дел од европскиот простор на слобода, безбедност и правда.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

