06 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарија и Македонија планираат до 2030 година да ја завршат изградбата на железничката врска меѓу двете земји. Ова беше соопштено по средбата во Министерството за транспорт и врски на Бугарија меѓу вршителот на должност министер за транспорт и врски, Корман Исмаилов, и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.
Според информациите од Софија, по ратификацијата на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел од страна на парламентите на двете држави, следната фаза предвидува формирање Заеднички комитет. Овој комитет ќе биде предводен од заменик-министрите за транспорт на Бугарија и Северна Македонија и ќе ја координира подготовката, изградбата и идното функционирање на проектот.
Од бугарското Министерство за транспорт и врски соопштија дека министерот Исмаилов истакнал дека бугарската страна забрзано работи на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево.
Од друга страна, амбасадорката Руси Поповска нагласила дека добрата соработка меѓу институциите на двете земји е клучен предуслов за непречено реализирање на проектот.
Минатиот месец Бугарија го ратификуваше договорот со Северна Македонија за изградба на прекуграничен железнички тунел како дел од Коридорот 8. Според плановите, тунелот ќе биде долг околу 2,4 километри, од кои 1189,30 метри ќе се наоѓаат на македонска територија, а 1193,70 метри на бугарска територија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

