15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија се наоѓа на петтата позиција во Европската Унија според проценетите штети врз инфраструктурата предизвикани од пожари во 2025 година, покажува анализа на Институтот XDI, кој се фокусира на ефектите од климатските промени, пренесува бТВ.
Пред неа, со најголеми прогнозирани загуби, се Унгарија, Шпанија, Франција и Италија.
Според податоците, во последните 35 години ризикот од пожари во Бугарија се зголемил за 151 проценти. Најголем пораст на овој ризик во истиот период е забележан во Романија (+200%) и Грција (+153%).
Регионите Смолјан, Бургас и Крдјали се издвоени како најризични области за пожари во земјата.
Од почетокот на годината, во ЕУ се изгорени над 409.000 хектари шумски и земјоделски површини — што е речиси двојно повеќе од просекот во последните 19 години, пресметува XDI.
Европската сметна палата предупредува дека шумските пожари веќе предизвикуваат економски загуби од околу 2 милијарди евра годишно за Унијата. Според анализата, ваквата негативна тенденција ќе продолжи и во следните 25 години.
Држави во ЕУ со најголем ризик од штети поради пожари (2025):
Најголемо зголемување на ризикот од пожари (1990–2025):
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден