21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
овеќе од три години по лансирањето, европската иницијатива „Global Gateway“ сè уште е во фаза на развивање, но веќе се позиционира како стратегиски одговор на кинескиот проект „Еден појас, еден пат“. Еден од клучните фактори за успехот на оваа иницијатива се паневропските коридори, а Бугарија и Романија играат важна улога во тие процеси.
На Форумот за поврзаност „Бургас 2025“, амбасадорите на Германија и Романија во Бугарија – Ирене Марија Планк и Брандуша Јоана Предеску – подвлекоа дека „Global Gateway“ има амбициозна цел: да мобилизира 300 милијарди евра инвестиции од ЕУ за инфраструктурни проекти низ целиот свет. За разлика од кинескиот модел, оваа иницијатива се стреми не само кон економска интеграција, туку и кон поширока геополитичка, технолошка и безбедносна поврзаност.
Амбасадорката Планк посочи дека една од главните разлики е тоа што европската иницијатива се фокусира на малите и средни претпријатија, кои се „рбетот на европската индустрија“ – додека во кинескиот модел тие воопшто не се присутни. Таа додаде дека со вклучувањето на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, се очекува „иницијативата да стане повидлива и да забрза во наредните години“.
Амбасадорката на Романија, пак, подвлече дека кога се зборува за поврзаност, таа не треба да се гледа еднодимензионално. Иако Бугарија има особен интерес за развојот на Коридорот 8, а Романија за Коридорот 10, тие треба да се гледаат во поширок контекст на меѓусебна интеграција и синергија.
„Сакам да расчистам едно недоразбирање – во Црноморскиот регион нема конкуренција меѓу Романија и Бугарија. Можеби моментално има повеќе инвестиции во еден коридор отколку во друг, но на крајот сите ќе се спојат“, истакна Предеску.
Таа додаде дека инвестицијата со која Констанца станува најголемо црноморско пристаниште не е во судир со развојот на пристаништата во Варна и Бургас. Напротив, тие се дополнуваат и го јакнат влијанието на Европската Унија на глобално ниво.
„Нашите две држави се и европски и НАТО-членки – тоа има значење. Поддршката за инфраструктура – без разлика дали е за Констанца или за бугарските пристаништа – придонесува за поголема поврзаност. Така му помагаме на ЕУ да остави глобален отпечаток, зборуваме за глобалниот портал на Унијата“, рече амбасадорката.
Таа заврши со важна порака: ЕУ има фундаментален интерес да инвестира во проекти што ќе го забрзаат интегрирањето на Молдавија, а потоа и на Украина.
Со тоа, „Global Gateway“ не е само економска алтернатива на Кина, туку стратегија за европска геополитичка и технолошка релевантност – во која Бугарија и регионот имаат клучна улога.