19 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарија ќе ја изгради првата набљудувачка станица на радиотелескопот LOFAR (Low Frequency Array) во Југоисточна Европа, која треба да биде завршена до крајот на годината. Со ова, земјата ќе се позиционира како клучен научен центар за радиоастрономија во регионот, соопшти Бугарска академија на науките.
Иако точниот износ на инвестицијата сè уште не е прецизиран, се очекува таа да надмине 3 милиони евра. Националниот проект LOFAR-BG се финансира во рамки на Националната патна карта за научна инфраструктура на Бугарија (2020–2027), координирана од Министерството за образование и наука.
Националната станица LOFAR-BG ќе биде изградена во близина на Национална астрономска опсерваторија Рожен. Преку оваа инфраструктура ќе се реализираат истражувања во повеќе области на астрофизиката, вклучувајќи:
LOFAR ERIC е најголемиот радиотелескоп во светот што работи во опсег на ниски радиофреквенции. Наместо класичен единечен инструмент, LOFAR претставува распределена европска мрежа од антени. Во моментов системот опфаќа 52 станици во осум држави: Холандија, Германија, Полска, Франција, Ирска, Латвија, Шведска и Обединетото Кралство. Инфраструктурата продолжува да се проширува, со нови станици во Бугарија и Италија.
Во декември 2023 година, Бугарија стана коосновач на европскиот конзорциум LOFAR ERIC, истражувачка инфраструктура создадена со поддршка на Европската комисија. Со тоа земјата веќе активно учествува во управувачката структура на проектот.
Изградбата на LOFAR-BG претставува значаен чекор во развојот на научната инфраструктура на Бугарија. Освен што ќе ја зајакне позицијата на земјата во европската научна мрежа, проектот ќе отвори можности за меѓународна соработка, привлекување на млади истражувачи и унапредување на технолошките капацитети во областа на радиоастрономијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

