18 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија го забележа најуспешниот зимски туристички сезон во својата историја, објави министерот за туризам Мирослав Боршош на прес-конференција по седницата на Владата. Според него, податоците за првите четири месеци од 2025 година покажуваат историски резултати за бугарскиот туризам.
„Имаме чест да ги споделиме резултатите од најдобриот зимски туристички сезон досега – зимата 2025 година“, изјави Боршош.
Во овој период, за првпат, бројот на регистрирани туристи во земјата надминал 2 милиони – што претставува раст од 6,4% во однос на 2024 година и 22% повеќе во споредба со 2019 година, која се смета за последна „нормална“ туристичка година пред пандемијата од COVID-19.
„Секогаш споредуваме со 2024 и 2019 година, бидејќи тие се клучни ориентири за развојот на секторот“, појасни министерот.
Според официјалните бројки, во 2019 година имало 1.642.000 туристички регистрации, во 2024 година 1.891.000, додека во 2025 година оваа бројка достигна 2.012.000.
Значаен раст е забележан и кај домашните и кај странските туристи. Во 2025 година, бројот на домашни туристи достигна 1.389.000, а странските туристи беа 632.000. Според министерот Боршош, ова е првпат во овој период странските туристи да ја надминат границата од 600.000.
И бројот на реализирани ноќевања значително се зголемил – вкупно 4.492.000, што е пораст од 4,5% во однос на 2024 година и 23,7% повеќе од 2019 година. Министерот овој напредок го оцени како „импресивен раст“.
Боршош нагласи дека овој успех е резултат на „исклучително фокусирана стратегија за реклама и маркетинг“ на Министерството за туризам. Деталните податоци ќе бидат дополнително објавени од страна на прес-службата на министерството.
Дополнителна позитивна вест е тоа што Бугарија влезе во топ 10 земји во Европската Унија со најбрзорастечки зимски туризам за периодот јануари–март, според последните податоци на Евростат.
„Ова е многу пријатна и значајна вест за нас“, изјави министерот за туризам.
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес
Бугарскиот претседател ја осуди дискриминацијата кон Бугарите во С. Македонија
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство