Бугарија е новата дестинација за деловна експертиза: Elevate и Swissport со успешен модел во Софија
Глобалниот лидер во аеродромски услуги и логистика Swissport International AG направи значаен чекор напред во својата глобална трансформација со изборот на Софија како локација за новиот Центар за споделени деловни услуги. За реализација на овој амбициозен проект, компанијата го одбра Elevate (поранешен Easy Consult) како свој стратешки партнер.
Хабот, лоциран во Бизнис Парк Софија, веќе функционира со целосно формиран тим и се фокусира на стратегиски функции и трансформација на деловни процеси за Swissport. Овој потег не само што го засилува присуството на Swissport во регионот, туку и ја потврдува Бугарија како доверлива и модерна локација за деловни инвестиции од глобални компании.
„Создавањето на Центарот за споделени услуги во Софија е клучен чекор во нашата глобална трансформација. Преку партнерството со Elevate, не само што ја зголемуваме оперативната ефикасност, туку и го искористуваме потенцијалот на локалните таленти и динамичната бизнис средина во регионот“, изјави Бруно Стефани, извршен директор на Swissport за Швајцарија, Италија и Франција.
Партнерството меѓу двете компании од самиот почеток се засновуваше на доверба, транспарентност и заедничка визија. Чавдар Баров, директорот на Центарот во Бугарија, истакнува дека човечкиот фактор бил поставен во срцето на трансформацијата – пристап што често се занемарува во вакви проекти, но овде се покажа како клучен за успехот.
Од споделени услуги кон центар на експертиза
Центарот започна како класичен Shared Services Hub, но амбициите се насочени кон трансформација во вистински „Center of Excellence“. Разликата? Додека споделените услуги се фокусираат на извршување на конкретни процеси, Центарот на експертиза додава вредност преку иновации, добри практики и стандарди, нудејќи високо квалитетни и одржливи решенија на глобално ниво.
Бугарија како магнет за глобални инвестиции
Според податоците од 2023 година, во аутсорсинг индустријата во Бугарија се ангажирани над 104.000 лица, а индустријата учествува со 5.8% во БДП на државата. Ваквите бројки ја потврдуваат силната позиција на Бугарија како атрактивна и конкурентна локација за изградба на деловни хабови од новата генерација.
„Создавањето на Center of Excellence е логичен чекор во еволуцијата на глобалните операции. Целта ни е да создадеме вредност не само преку ефикасност, туку и преку знаење и иновации. Бугарија го нуди токму тоа: талентирани професионалци, стабилна инфраструктура и силна работна култура“, изјави Ивајло Славов, извршен директор на Elevate.
По успешната реализација на проектот со Swissport, Elevate веќе работи на создавање на втор меѓународен партнерски хаб со нов клиент, следејќи го истиот модел на стабилност, ефикасност и човечки пристап.