29 мај 2025
• од Вардарски
Бугарската држава, преку Националната електрична компанија (НЕК), достави документи до Европската комисија за изградба на четири нови хидроелектрани со пумпни станици на своја територија. Овие централи работат на принцип на складирање енергија – преку пумпање вода во вештачки базени, која потоа се користи за производство на струја кога побарувачката е најголема. Веста ја објави министерот за енергетика Жечо Станков во интервју на Бугарската национална телевизија.
Според него, Европската унија може да покрие до 40% од трошоците за проектите, а ќе има можност и за учество на странски инвеститори.
Еден од предложените проекти ќе има моќност од 800 мегавати – исто како постојната хидроцентрала со пумпа „Чаира“, објасни Станков.
На прес-конференција во Владата, министерот најави и дека граѓаните ќе продолжат да плаќаат струја по регулирани цени, односно цени што ги одредува државата, без ограничување на рокот.
„Одлуката што денес ја донесе Владата обезбедува приходи за Фондот за сигурност на електроенергетскиот систем, што пак гарантира стабилност на енергетскиот сектор и заштита на домаќинствата со регулирани цени“, рече Станков.
Тој нагласи дека и предложените измени на Законот за енергетика – кои се очекува да бидат објавени во петок – дополнително ќе ја зацврстат оваа политика.
Исто така, остануваат активни дневната и ноќната тарифа за мерење на потрошувачката, што е особено важно за заштита на најранливите граѓани, додаде министерот.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници