24 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија сè повеќе се истакнува како технолошки хаб во регионот, со сè поголем број интернационални компании и квалитетни ИТ професионалци. Најновите податоци од платформата dev.bg покажуваат дека платите во ИТ-секторот достигнуваат до 11.250 евра месечно – бројка што ја става земјата високо на мапата на ИТ-индустријата во Европа.
На врвот на листата се инфраструктурните ИТ-специјалисти, особено во области како сајбер-безбедност, база на податоци, DevOps и системска администрација. Таму платите се движат од приближно 1000 евра до дури 11.250 евра, зависно од искуството и специјализацијата – вистински показател за вредноста на овие профили.
На второ место се наоѓаат модерни и бараните области како Python развој, машинско учење, вештачка интелигенција и моделирање на податоци. Според податоците, скоро и да нема оглас за Python девелопер со плата под 1800 евра – што говори за огромната побарувачка во оваа сфера.
Java и .NET, иако се по-традиционални технологии, сè уште се меѓу најценетите. Платите тука се движат од 640 до 7700 евра, што ги прави стабилен избор и за почетници и за искусни кадри.
Нешто поназад се развивачите на мобилни апликации и оние што работат со embedded системи. Иако моментално нивните примања се пониски, се очекува поголема побарувачка со зголемување на домашното производство и индустриско присуство.
Интересно е и полето Big Data – каде минималната плата е дури 5100 евра, а максималната 6100 евра. Ова покажува стабилност и висока специјализација, иако дијапазонот не е многу широк.
На дното од скалата се фронтенд развивачите и техничката поддршка, со плати кои во одредени случаи се блиску до минималната плата – околу 400–500 евра. Сепак, и тука постои потенцијал за раст преку едукација и специјализација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден