02 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Европска Унија се очекува во понеделник, на 2 март, конечно да ги укине сите казнени мерки кон Косово, кои беа воведени пред повеќе од две и пол години.
Според извори од ЕУ, одлуката веќе е донесена од надлежните тела на Европска комисија, а формално ќе биде потврдена од земјите-членки на состанокот на Работната група за Западен Балкан (COWEB), кој ќе се одржи во Брисел.
Укинувањето на мерките претходно го најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Тогаш од Комисијата беше соопштено дека сите мерки ќе бидат укинати „во раната фаза на 2026 година“. Оттогаш, од Брисел повеќепати беше посочено дека институциите работат на постепено укинување на преостанатите ограничувања и дека ќе се исполни ветувањето на фон дер Лајен.
На крајот од минатата година, Европската комисија веќе укина мерки во вредност од околу 50 проценти од финансиската помош, што изнесува приближно 216 милиони евра.
Со најновата одлука ќе бидат укинати сите преостанати мерки, вклучително и ослободувањето на околу 205 милиони евра средства од Програмите за претпристапна помош и од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан.
Казнените мерки кон Косово беа воведени во јуни 2023 година. Тие следуваа по потезите на косовските власти кои ЕУ и неколку меѓународни партнери, како Соединети Американски Држави и Република Албанија, ги оценија како „еднострани и некоординирани дејствија што ги зголемуваат тензиите на северот на Косово“.
Со укинувањето на мерките се очекува нова фаза во односите меѓу Брисел и Приштина, како и засилување на европската перспектива на Косово во рамки на процесот на интеграција во ЕУ.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

