14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На 5 и 6 септември 2025 година, Пловдив ќе стане центар на обединување за Бугарите од различни делови на светот. Настанот е по повод Денот на соединувањето на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија – историски датум кој потсетува дека нацијата, кога е сплотена, може да постигне сè.
Организаторите од „Браво Пловдив“ испратиле покани до претставници на бугарските заедници од:
🇲🇰 Северна Македонија
🇷🇸 Србија
🇦🇱 Албанија
🇽🇰 Косово
🇷🇴 Романија
🇲🇩 Молдавија
🇺🇦 Украина
🇹🇷 Турција
🇬🇷 Грција
Главната идеја е да се изгради силно и сплотено јадро од сонародници кои живеат надвор од татковината, да се воспостават директни врски со државните институции и организациите во Бугарија, како и да се зајакнат меѓусебните контакти меѓу заедниците.
Програмата на настанот ќе биде објавена наскоро, но организаторите веќе испраќаат силна порака: овој 6 септември да не биде само ден на сеќавање на минатото, туку и почеток на заеднички пат кон иднината. Со рака во рака и срце до срце, Бугарија да остане силна, обединета и достојна – каде и да чука бугарско срце.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден