20 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Според информации на агенцијата Bloomberg, американската администрација активно подготвува можен воен удар врз Иран во наредните денови, потенцијално дури и за време на претстојниот викенд. Наводите се повикуваат на добро информирани извори блиски до американската влада и неколку федерални агенции.
Иако сè уште не е донесена конечна одлука, неколку извори истакнуваат дека ситуацијата е крајно променлива и дека плановите може да се ревидираат во секој момент. До неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп беше наклонет кон дипломатски пристап со цел да го ограничи иранскиот нуклеарен програм, известува BBC.
Според претходни информации на Wall Street Journal, Трамп веќе дал принципиелна согласност за напад врз ирански цели, но одлучил да ја одложи реализацијата. На новинарско прашање за можна акција против ирански нуклеарни објекти, Трамп неодредено изјавил: „Можеби ќе го направам тоа, можеби не. Никој не знае што ќе одлучам.“
Медиумот ABC News пак, се повикува на свои извори според кои наредните 24 до 48 часа ќе бидат клучни за утврдување на официјалната американска позиција.
Овие случувања доаѓаат во контекст на засиленото напрежение меѓу Израел и Иран, како и последните ракетни напади од страна на Иран кои резултираа со жртви во Израел. И покрај неодредените сигнали од Белата куќа, подготовките укажуваат дека САД сериозно ги разгледуваат сите опции во обид да ја стабилизираат ситуацијата на Блискиот Исток.
Во првата негова јавна реакција по израелските напади врз Иран, иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи во средата изјави дека Исламската Република нема да прифати безусловна капитулација, каква што, според него, бара Вашингтон.