02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
За првпат од времето на Второто бугарско царство, Бугарија печати валута што е прифатена надвор од границите на земјата, изјави Асен Василев. Според него, 1 јануари 2026 година го означува почетокот на една нова епоха за бугарските граѓани.
Во видео-обраќање објавено на Фејсбук, претседателот на Продължаваме промяната истакна дека Бугарите веќе слободно патуваат, работат и развиваат бизниси како рамноправни граѓани во најбогатиот сојуз во светот.
Василев нагласи дека, иако е направен значаен чекор напред, претстои уште многу работа за Бугарија навистина да стане рамноправна со другите европски народи. Според него, клучни приоритети се квалитетно и достапно здравство и образование за сите граѓани, без разлика каде живеат и каква е финансиската состојба на нивните семејства. Тоа, како што рече, е визијата за нова, побогата, поправедна и европска Бугарија што треба заеднички да се изгради.
„Многумина ќе ви кажат дека ова е утопија и дека е невозможно, дека Бугарија е мала и ѝ е потребен ‘голем брат’. Тоа се истите луѓе кои веќе 20 години тврдат дека од нас ништо не зависи, додека во исто време ги ограбуваа граѓаните и бизнисите, владееја со страв и протераа повеќе од еден милион Бугари во странство“, изјави Василев. Тој додаде дека најдоброто нешто во 2025 година е тоа што бугарското општество јасно им порачало – „доста е“.
Како прва голема задача за 2026 година, Василев ги посочи чесните и слободни избори без страв. Тој нагласи дека граѓаните мора да можат слободно да гласаат, без притисоци, без закани за откази, одземање бизниси или губење социјална помош.
„Сè изгледа невозможно, сè додека не го направиме заедно“, порача Асен Василев, упатувајќи и честитка за успешна и среќна Нова година.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

