07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Албанскиот филозоф и јавен интелектуалец Сеад Зимери во своја анализа остро ја критикува состојбата со употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија, нагласувајќи дека „не смее да има компромис“ кога станува збор за јазичните права.
Во текстот, Зимери посочува дека при неодамнешната посета на земјата забележал ограничена употреба на албанскиот јазик во јавниот простор. Според него, патоказите, институционалните натписи и другите јавни ознаки во најголем дел се на македонски и англиски јазик, додека албанскиот јазик е недоволно застапен, иако Албанците сочинуваат значителен дел од населението.
Тој прави јасна разлика меѓу положбата на мигрантските заедници и положбата на Албанците во Северна Македонија. Додека за мигрантите е природно да го прифатат јазикот на државата како дел од интеграцијата, Зимери нагласува дека Албанците се автохтон народ на овие простори и нивниот статус не може да се третира на ист начин.
Според него, кога државата не го признава јазикот како целосно еднаков во институциите, тоа претставува форма на доминација и наметнување. Формалното признавање, без целосна и доследна примена, го сведува албанскиот јазик на второстепен статус.
Зимери истакнува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку суштински дел од идентитетот, слободата и еднаквоста на поединецот. Негирањето на правото на употреба на сопствениот јазик, според него, води до чувство на нееднаквост и инфериорност.
Тој оценува дека рамката воспоставена со Охридскиот договор не дала целосни резултати во пракса. И покрај законските решенија, примената останува селективна, а секој обид за унапредување на јазичната еднаквост се третира како политички компромис.
Како заклучок, Зимери повикува на нов општествен договор во кој албанскиот јазик ќе биде целосно еднаков во сите сфери на државата. Тој нагласува дека е неопходно не само институционално признавање, туку и пошироко општествено прифаќање, вклучително и учење на албанскиот јазик од страна на сите граѓани.
„Не може да има никаков компромис кога станува збор за јазикот. Тој е суштината на нашето постоење“, порачува Сеад Зимери.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

