17 септември 2025
• од Тодор Вангелов
На Шестата меѓувладина конференција за пристапување со Албанија официјално беа отворени преговорите за кластерот 4: „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Овој кластер опфаќа клучни области како транспорт и енергетика, трансевропски мрежи, како и политики за животна средина и климатски промени.
„Проширувањето е врвна геополитичка потреба за Европската Унија. Задоволна сум што денес направивме нов чекор со Албанија. Ова е јасен доказ за европскиот пат на земјата. Очекувам уште состаноци во наредните месеци со Албанија и со другите кандидатки за да ја придвижиме агендата за проширување,“ изјави Мари Бјере, министерка за европски прашања на Данска, која ја предводеше делегацијата на ЕУ.
Отворањето на кластерот 4 доаѓа по серијата динамични состаноци со Албанија во изминатата година: кластерот 1 „Фундаментали“ беше отворен на 15 октомври 2024, кластерот 6 „Надворешни односи“ на 17 декември 2024, кластерот 2 „Внатрешен пазар“ на 14 април 2025, а кластерот 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ на 22 мај 2025.
Овој интензивен ритам покажува дека Албанија се интегрира со забрзано темпо, исполнувајќи ги европските стандарди и чекор по чекор приближувајќи се кон целосно членство. Мониторингот на усогласувањето со европското право и политиките ќе продолжи низ целиот процес, а поставени се и јасни мерила за привремено затворање на поглавјата.
На конференцијата, покрај министерката Бјере, учествуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кош, додека албанската делегација ја предводеше премиерот Еди Рама.
Со денешниот чекор, Албанија испраќа јасна порака: земјата е решена да стане дел од европското семејство и тоа со темпо кое изненадува дури и во Брисел.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден