03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Албанија има реална шанса да стане членка на Европската унија во 2029 година, доколку Владата продолжи со спроведувањето на неопходните реформи. Оваа порака ја испрати европската комесарка за проширување, Марта Кош, за време на нејзиниот говор на Бледскиот форум во Словенија.
Кош го пофали премиерот Еди Рама за напредокот што го постигнала земјата во преговорите за членство. Таа потенцираше дека во последните десет месеци Албанија успеала да отвори повеќе групи на поглавја отколку во последните пет години и да затвори повеќе поглавја отколку во последната деценија.
„Оваа година отворивме уште две групи поглавја за Албанија. Се договоривме со Еди прво да го прославиме тоа во Брисел, а следната година во Тирана со фудбалски натпревар помеѓу кандидатите и земјите членки. Секако, ќе ни се придружи и претседателот на УЕФА, како и други. Со Црна Гора исто така напредуваме, и можно е ако до 2026 технички ги завршиме преговорите, во 2028 да имаме 28 членки на ЕУ. Ако Еди продолжи да работи вака успешно, тогаш во 2029 би можеле да имаме 29 членки. Затоа побрзајте,“ изјави Кош.
Оваа изјава ја отвора можноста Албанија да стане полноправна членка на ЕУ заедно со другите кандидати, доколку реформскиот процес остане на тековниот курс.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден