02 февруари 2026
• од Тодор Вангелов
Пред зградата на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија денес се одржа политички уметнички перформанс во организација на бугарското движење Куберов воин и НМЛД.
Настанот, кој организаторите го опишаа како „акција за историска вистина и слобода на изразување“, следува по инцидентот каде што, активисти биле задржани поради носење плакат со натпис поврзан со настанот познат како „Крвава Коледа“. Бугарските активисти наведуваат дека македонските власти го квалификувале плакатот како „закана за националната безбедност“.
Во рамките на перформансот во Софија беа изложени транспаренти со политички пораки, а учесниците одржаа кратки говори во кои ја критикуваа, како што рекоа, „цензурата и репресијата врз историскиот наратив во Северна Македонија“. Дел од пораките беа насочени кон одбележување на жртвите од периодот по Втората светска војна, кој организаторите го опишуваат како време на „југокомунистички терор во Вардарскиот дел“.
Од „Куберовъ воинъ“ порачаа дека вакви акции ќе продолжат и во иднина, нагласувајќи дека, според нив, „вистината не може да биде замолчена“. Тие најавија и понатамошни симболични акции поврзани со историските теми што, според нив, се предмет на спор меѓу Софија и Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

