25 загинати во пожар во канцеларија на кинеска компанија за јаглен
Дваесет и пет лица загинаа во пожар во деловна зграда на компанија за ископ на јаглен во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија во четвртокот државните медиуми, цитирани од Ројтерс.
Пожарот избувна во 6 часот и 50 минути во четирикатната заедничка зграда на индустријата за јаглен Јонгџу во најголемиот центар за производство на јаглен во земјата, Шанкси.
Државната телевизија CCTV првично објави дека во пожарот загинале 11 лица, а повредени се најмалку 51, за подоцна да се удвои бројот на жртвите од инцидентот.
Причината за пожарот се уште е под истрага.
Претходните смртоносни пожари во Кина предизвикаа гнев кај јавноста. Во април, 29 лица загинаа во пожар во болница во Пекинг, што предизвика критики на локалните власти на социјалните мрежи.
Кинеските производители на јаглен, исто така, се под лупа за серија несреќи во рудниците во последните месеци, што влијаеше врз производството бидејќи рудниците беа затворени поради безбедносни инспекции