10 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го запиша третиот пораз на Б-европското првенство што се одржува во Скопје. По поразите од Кипар и Ирска, избраниците на селекторот беа совладани и од силната селекција на Полска со убедливи 93:66.
Одлучувачки за исходот беа првата и третата четвртина, во кои Полјаците ја изградија недостижната предност. Веќе по првите 10 минути, противникот водеше со огромни 35:11, додека во втората четвртина нашите кошаркари одиграа израмнето и го запреа напаѓачкиот налет на фаворитот.
Сепак, почетокот на второто полувреме повторно им припадна на Полјаците, кои со уште +11 ја зголемија разликата и ја решија дилемата околу победникот. Во завршницата, македонските кадети се обидоа да ја намалат разликата, но конечниот резултат остана во корист на Полска.
Најдобар стрелец за Македонија беше Александар Сотир со 12 поени, а по 10 постигнаа Солев и Шабани.
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода