16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Третиот натпреварувачки ден на Светското првенство во канадска борба што се одржува во Албена беше особено успешен за бугарската репрезентација. Спортистите од соседна Бугарија освоија вкупно 7 медали – три златни и четири сребрени.
Ивелин Милев стана светски шампион во категоријата до 60 килограми на десна рака во конкуренција на ветераните, совладувајќи го Биркан Солмаз од Турција. Покрај тоа, Милев успеа да стигне и до сребрен медал на левата рака.
Во машката конкуренција до 80 килограми, Даниел Живков се закити со сребро на десна рака, со што дополнително го зголеми вкупниот биланс на бугарските освојувачи.
Кај жените, денот донесе два финалиња со целосно бугарско учество. Елена Димитрова и Жана Ненова се сретнаа и во финалето на левата и на десната рака во категоријата над 80 килограми. Во двете пресметки триумфираше Димитрова, која заслужено освои две златни одличја.
Според програмата, утре започнуваат натпреварите за лица со попреченост, кои исто така ветуваат возбудливи дуели и можности за нови медали.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден