Штутгарт е подготвен да се раздели со важен играч на лето
Германскиот клуб Штутгарт е подготвен да го продаде репрезентативецот на Демократска Република Конго, Силас Вамангитука, пренесува Sky Sports.
25-годишниот фудбалер останува трансфер цел на англискиот Фулам за летниот преоден рок.
Раководството на Штутгарт одреди цена во опсег од 15-20 милиони евра за Вамангитука, чиј актуелен договор е до 2026 година.
Од почетокот на сезоната, крилниот напаѓач забележа три гола и три асистенции во натпреварите во Бундеслигата.