15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Екипата на Осогово претрпе пораз од 2-3 на домашен терен против Скопје во рамките на четвртото коло од Втората македонска фудбалска лига, но натпреварот ќе остане во сенка на острата реакција од кочанскиот клуб кон судиската тројка.
Кочанчани сметаат дека биле директно оштетени од арбитрите, особено при досудениот пенал во корист на гостите. Во соопштението што јавно го објавија на своите официјални профили, тие остро протестираат, користејќи ја формулацијата дека биле „силувани“ од судиите.
Осогово објави и видео од спорниот момент, тврдејќи дека Скопје незаслужено добил пенал и дека судиите целосно ја нарушиле регуларноста на натпреварот. „Бесрамно украдени“ – е изразот кој клубот го искористи во својата објава.
Ова беше натпревар што требаше да ја донесе првата домашна победа за Осогово во новата сезона, но наместо радост, заврши со контроверзии и големо незадоволство. По четири одиграни кола, тимот од Кочани има освоено четири бода.
Од другата страна, Скопје со оваа победа се искачи на шестата позиција со вкупно седум освоени бода.
Контроверзниот дуел уште еднаш го отвори прашањето за квалитетот и довербата во судиските одлуки во македонскиот фудбал. Осогово јасно порача дека нема да молчи кога смета дека е оштетен, а останува да се види дали ФФМ ќе реагира на овој јавен протест.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден