19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Светскиот тенисер и 24-кратен гренд слем шампион Новак Ѓоковиќ планира да добие грчко државјанство и трајно да се пресели во Атина. Според информации објавени од српски, грчки и француски медиуми, Ѓоковиќ веќе разговарал со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој му дал зелено светло за неговата намера да се пресели во Грција.
Оваа одлука доаѓа поради, како што се наведува, „катастрофалната политичка ситуација“ во Србија и желбата на Ѓоковиќ да го заштити своето семејство. Веќе подолго време, тенисерот е гласен поддржувач на студентските протести во Белград, поради што често е цел на напади од провладини медиуми во својата татковина. Некои медиуми дури и одбиваат да ги објавуваат неговите спортски резултати, со цел да не го „навредат“ српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ѓоковиќ ќе ја напушти Србија по последниот гренд слем во сезоната – US Open, а преселбата во Грција е планирана за септември 2025 година. Пред тоа, тој веќе престојувал во Атина веднаш по завршувањето на „Ролан Гарос“.
Следниот чекор во неговата нова страница од животот е добивање на грчки пасош. Оваа одлука не само што ја потврдува неговата намера за физичко преселување, туку и означува симболична дистанца од српскиот политички врв, со кој односите се, според медиумите, „неповратно нарушени“.
Нотарите бараат повисоки тарифи: „Земаме помалку од адвокатите за исти услуги“
Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес