Македонија како да заборави да победува, постот трае веќе седум натпревари и 11 месеци
Катастрофалната серија без победа на фудбалската репрезентација на Македонија, продолжи и против Фарските острови во меч од Лигата на нации. Нашите фудбалери веќе седум натпревари не знаат за победа, односно цели 11 месеци, откако во октомври минатата година ја совладавме Ерменија со 3-1 во пријателски меч кој се одигра во Струмица.
После тој натпревар следуваше пораз од Италија со 5-2, па реми против Англија и Молдавија со идентични 1-1, потоа три порази по ред од Црна Гора (0-1), Хрватска (0-3) и Чешка (1-2), а денес одигравме нерешено и против Фарските острови, 1-1.
Шанса за поправен и победа ќе имаме против Ерменија во вторник.