13 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На натпреварот меѓу Бугарија и Турција, група навивачи од организацијата „Куберов Воин“ истакнаа транспарент со ликот на Гоце Делчев, придружен со бугарското знаме и знамето со бугарскиот лав.
Во нивната објава на социјалните мрежи, организацијата напиша дека, без разлика на резултатот од натпреварот, „Гоце Делчев секогаш ќе биде Бугарин“ и дека „14-вековна Бугарија ќе ја надживее вештачката југокомунистичка држава РСМ“.
Тие објаснија дека изборот да го истакнат ликот на Делчев не бил случаен — сакале да потсетат и на битката кај Лозенград, која Бугарија ја добива на 11 октомври 1912 година, датум кој во Северна Македонија се слави како Ден на востанието.
„Сè се менува, но бугарштината ќе победи! Веруваме во тоа. Минале сме низ пеколот и пак сме тука! Да живее Бугарија!“ – напишаа од „Куберов Воин“.
Организацијата се претставува како невладина група на бугарски студенти со потекло од географската област Македонија, која делува во рамките на Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден