16 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство Б-дивизија што се одржуваше во Скопје, како 16-пласирана селекција.
Во последниот натпревар, нашите надежи беа поразени од селекцијата на Велика Британија со резултат 76-88. Иако во три четвртини се играше рамноправно, одлучувачка беше првата, во која Британците направија клучна разлика (26-16).
Македонија имаше водство само во воведните минути, најмногу со пет поени предност (8-3). Но, противникот брзо презеде контрола и стигна до највисоки +16 (47-31). Нашиот тим се обидуваше да се врати во игра, но недостигаа сили за пресврт.
Најефикасен кошаркар во црвено-жолтиот дрес беше Дион Шабани со 23 поени. Одлична поддршка дадоа Илиев со 13 и Беговски со 11 поени.
Со биланс од една победа и седум порази, Македонија го заврши настапот на шампионатот со скромен пласман, но и со искуство кое ќе биде драгоцено за генерацијата што доаѓа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден