30 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
По успешно завршениот студиски циклус на Националната спортска академија, бугарската кошаркарска ѕвезда Александaр Везенков ја доби својата диплома за тренер лично од ректорот на академијата, проф. Красимир Петков.
На свеченоста, Везенков беше придружуван од својот татко и заедно го споделија радосниот момент со академското раководство. На средбата присуствуваа и проректорот за наставна работа, доц. Христо Андонов, доц. Маријана Борукова — предавач по кошарка и тутор на Везенков, како и Валентин Добрев — директорот за административно-стопански работи.
Александар доби и посебни честитки од министерот за образование и наука, Красимир Вълчев, кој во тој момент беше во академијата за учество на образовен форум организиран од Министерството за образование и наука.
Играчот на грчкиот Олимпијакос, кој е еден од најуспешните бугарски кошаркари во последниве години, привлече големо внимание од кандидат-студентите кои поднесуваа документи за упис во НСА. Посебно возбудени да се сретнат со светски познатата ѕвезда беа учениците од Основното училиште „Христо Ботев“ од село Лесново (општина Елин Пелин) и најмладите членови на Шаховскиот клуб „ЕЛИТ“, кои во рамки на организирани посети беа во образовниот и олимпискиот центар при академијата.
Верен на својот непосреден и скромен стил, бугарскиот репрезентативец Везенков одговори на сите прашања со широка насмевка и стрпливо ги исполни бројните желби за фотографии и автограми.