Бугарка освои прво место на скопски маратон
Натпреварувачката од Бугарија Милица Мирчева победи во женска конкуренција на полумаратонот (21 км) во рамките на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Таа прва стигна до целта со време 1 час 15 минути и 49 секунди. На второто место се нареди Греша Бакрачи (Албанија) со време 1:21:14, додека третото место и припадна на Џули Ларсен (Норвешка) со време 1:22:04.
Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди.
Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија.