20 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот атлетичар Божидар Сарабојуков освои сребрен медал во дисциплината скок во далечина на Европското првенство за атлетичари до 23 години што се одржа во Берген, Норвешка.
Сарабојуков оствари најдобар резултат за оваа сезона и втор најдобар во неговата кариера, со скок од 8.21 метар во третиот обид. Тој беше лидер во табелата до петтата серија, кога Французинот Ерван Конате скокна 8.25 метри и постави нов национален рекорд за оваа возрасна категорија.
Со тој резултат, Конате ја освои европската титула, додека бугаринот Сарабојуков се закити со сребро. На третото место заврши Финецот Каспери Вехмаа со најдобар скок од 7.97 метри.
Сарабојуков, кој е актуелен европски шампион во сала од првенството во Апелдорн 2025, го започна натпреварот со скок од 7.95 метри, потоа направи фаул, а во третиот обид го постигна својот најдобар резултат – 8.21. Во следните обиди скокна 8.06 и 7.97 метри.
На 6 август, Божидар Сарабојуков ќе наполни 21 година. Во март годинава, тој ја освои европската титула во сала со скок од 8.13 метри на шампионатот во холандскиот град Апелдорн. Во јуни тој ја пропушти Европската екипна атлетска лига поради повреда на глуждот.
Во истото првенство, уште еден бугарски атлетичар, Никола Караманолов, го освои седмото место во финалето на 100 метри, постигнувајќи време од 10.47 секунди. Златото го освои Французинот Џеф Ериус со 10.28 секунди, среброто го зема Нсикак Екпо од Холандија со 10.30, а бронзениот медал му припадна на Шпанецот Абел Жордан со 10.31 секунди.
Костова: Народот тоне во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со очајни економски резултати