МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села: Албанците не заслужуваат вакво манипулирање со правичната застапеност

26 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Претседателот на едното крило од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, остро ја критикуваше актуелната власт за начинот на кој се носи новиот Закон за правична застапеност. Тој оцени дека процесот е нетранспарентен, а законот, како што вели, не нуди реално решение за застапеноста на заедниците.

„Овој закон се носи во период пред локални избори, и неговата цел не е суштинска промена, туку добивање на политички поени. Театарското претставување на законот од страна на премиерот и вицепремиерите е уште еден доказ за тоа“, рече Села. Тој додаде дека испраќањето на законот во Венецијанската комисија е непотребно и служи само како алиби пред јавноста.

Од друга страна, вицепремиерот Изет Меџити одговори на критиките, посочувајќи дека токму опозицијата ја укинала претходната алатка за застапеност – балансерот – и сега ги напаѓа напорите на Владата за системско решение. Меџити изјави дека законот ќе биде разгледан од Венецијанската комисија, по што ќе следува јавна расправа и собраниска процедура, со вклучување на сите пратеници во процесот.

Премиерот Христијан Мицкоски исто така ја отфрли тезата за нетранспарентност. Тој истакна дека процедурата е јасна: прво мислење од Венецијанската комисија, потоа разгледување во парламентот. „Албанската опозиција имаше повеќе од 20 години да создаде функционален закон, но не успеа. Наместо тоа, создадоа систем со злоупотреби“, додаде Мицкоски.

Законот вчера беше официјално претставен од вицепремиерите Меџити и Арбен Фетаи, кои најавија дека новата методологија ќе се базира на последниот попис, а спроведувањето ќе го координира специјално тело.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени