14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Последните јавни настапи на премиерот Христијан Мицкоски, преполни со ветувања и остри критики, предизвикуваат недоумение кај дел од јавноста. Иако предвремено започнување на кампањата кај нас одамна не е изненадување, интензитетот и паничниот тон во неговите обраќања отвораат прашања за вистинската причина зад ваквото однесување.
Мицкоски во своите последни настапи, со вознемирен израз и повишен тон, нуди и ветува сè и сешто, демонстрирајќи „експертиза“ во економијата. Најновата теза дека цените растат затоа што се зголемиле платите брзо стана дел од колекцијата на необични изјави на македонската политичка сцена.
Суштинската причина, според информациите, се крие во најновата анкета нарачана од ВМРО-ДПМНЕ и спроведена од блиска агенција. Податоците се алармантни: за само една година, партијата забележала пад од околу 130.000 гласа. Овој драстичен пад е најголемото намалување на поддршката кое го претрпела владејачка партија во поновата македонска историја, од почетокот на повеќепартискиот систем.
Поранешниот градоначалник и политичар Андреј Жерновски на својот Фејсбук профил посочи дека токму овие бројки ја објаснуваат нервозата кај Мицкоски. Според него, граѓаните веќе почнуваат да согледуваат каква влада има Македонија – влада која не е подготвена да погледне во огледало и да преземе одговорност за состојбите во земјата.
Овој тренд, велат упатените, е вистинската причина за засилените активности на Мицкоски. Се предвидува дека во следниот период ќе има уште поголем прилив на ветувања, иако довербата кај граѓаните опаѓа. Истовремено, ќе продолжи и потрагата по „виновници“, при што прстот ќе се впери кон опозицијата и меѓународната заедница, додека владата ќе избегнува да ја преземе одговорноста.
Во позадина останува реалноста: цените растат со досега невидена брзина, а владата нема јасна стратегија или знаење како да го запре овој негативен тренд. Сè повеќе граѓани, според Жерновски и бројни коментари на социјалните мрежи, почнуваат да согледуваат дека оваа власт не е подготвена да се соочи со сопствените слабости.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден