20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Очекуваниот животен век при раѓање во Европската Унија изнесува 81,5 години, додека во Македонија е значително понизок и изнесува 76,6 години. Овие податоци покажуваат разлики не само меѓу државите, туку и меѓу регионите во Европа.
Највисок животен век е регистриран во шпанскиот регион Мадрид (Comunidad de Madrid), каде што изнесува 85,7 години, додека најнизок е во северозападниот регион на Бугарија со 73,9 години.
Според анализите, жените во Европската Унија во просек живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија оваа разлика е нешто помала и изнесува 4,4 години. Разликата варира значително меѓу земјите – најголем јаз е забележан во Латвија (9,8 години), додека најмал е во Холандија (2,8 години).
Податоците на Евростат за 2024 година покажуваат дека животниот век во ЕУ достигнал 81,5 години, што претставува мало зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година. По падот во 2020 и 2021 година поради пандемијата со КОВИД-19, кога изнесуваше 80,4 и 80,1 години, животниот век повторно бележи раст и ги надминува нивоата од пред пандемијата.
Во 2024 година, животниот век кај жените во ЕУ изнесува 84,1 година, додека кај мажите 78,9 години.
На регионално ниво, четири европски региони имаат животен век од 85 години или повеќе – Мадрид во Шпанија, италијанските региони Тренто и Болцано, како и регионот на главниот град на Шведска, Стокхолм.
Од друга страна, меѓу петте региони со најнизок животен век, три се наоѓаат во Бугарија (Северозападен, Северен централен и Североисточен регион), додека останатите се Мајот во Франција и северниот регион на Унгарија.
Иако Евростат нема најнови податоци за Македонија за 2024 година, според Државниот завод за статистика, просечниот животен век за периодот 2022–2024 изнесува 76,63 години. Жените живеат во просек 78,86 години, додека кај мажите животниот век е понизок и изнесува 74,48 години.
Во однос на претходните години, забележан е раст на животниот век – за 1,3 години во споредба со периодот 2021–2023, и за 2,2 години во однос на периодот 2020–2022.
Сепак, податоците покажуваат дека во 2021 година имало значителен пад на животниот век во земјата, кога бил намален за три години и пет месеци во споредба со 2018 година, кога изнесувал 76,7 години.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

