21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Културно информативниот центар – Скопје вчера вечерта се случил инцидент за време на концерт, при што една жена била повредена откако од таванот паднала вентилациска решетка.
Според информациите на Скопје1.мк, 46-годишната скопјанка М.И. била повредена околу 22 часот, кога металната решетка од вентилацискиот систем одненадеж се одделила од таванот и паднала директно врз неа додека присуствувала на културниот настан.
Жената веднаш била пренесена во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје. Од таму, во 23:15 часот, случајот бил пријавен во СВР Скопје. Лекарите констатирале телесни повреди, а на повредената ѝ била укажана соодветна медицинска помош.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за падот на решетката ќе бидат дополнително утврдени.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај присутните, а одговорните институции се очекува да ги проверат безбедносните стандарди во објектот за да се спречат слични несреќи во иднина.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

