14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот премиер Росен Жељазков изрази очекување дека Советот на Европа ќе има клучна улога во заштитата на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. На средбата со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Теодорос Русопулос, тој ја нагласи важноста на ова прашање, додавајќи дека не смее да се дозволи висока европска платформа како ПССЕ да биде злоупотребена за водење антибугарска кампања.
Желјазков го информираше Русопулос за приоритетите на новата бугарска влада, истакнувајќи дека по четири години политичка нестабилност, Бугарија конечно има стабилен кабинет кој цврсто ќе го води патот на земјата кон ЕУ и НАТО. Тој се заблагодари за позитивната оценка на ПССЕ за изборите одржани во изминатите години, оценети како слободни и добро организирани.
Премиерот додаде дека дијалогот во рамките на постмониторингот со ПССЕ ги исполнил своите цели и е време да заврши. Според него, улогата на ПССЕ е клучна за унапредување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и демократскиот развој во Европа.
Во разговорот беше истакната и поддршката на Бугарија за Украина. Желјазков ја поздрави решителноста на Советот на Европа во одговорот на руската агресија и го потврди ставот на Софија за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Тој исто така посочи дека Бугарија е подготвена да се вклучи во процесот на обновување на Украина по завршувањето на војната.
Претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос, ја поздрави подготвеноста на Бугарија да го заврши постмониторинг процесот и истакна дека со континуирано исполнување на препораките, позитивниот исход е остварлив.
Со влезот во Шенген и наскоро во еврозоната, Бугарија се позиционира како стабилен и влијателен фактор во регионот, заклучи премиерот Желјазков.