26 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бројот на лица кои починале од насилна смрт во текот на 2024 година бележи загрижувачки пораст од 24 проценти во споредба со 2023 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вкупно 511 лица го загубиле животот како резултат на насилни околности, при што дури 68,1 проценти од нив се мажи.
Како и во претходните години, и оваа година најчестата причина за насилна смрт се несреќните случаи, кои сочинуваат 78,5 проценти од вкупниот број. Следат самоубиствата со 17,4 проценти и убиствата со 4,1 процент.
Во рамки на несреќните случаи, најголем дел – 38 проценти – се должат на други надворешни причини за случајни повреди. Кај самоубиствата, најзастапен начин е бесење, странгулација и суфокација, кои учествуваат со 8,8 проценти во вкупниот број насилни смртни случаи. Кај убиствата, најмногу смртни случаи, 1,6 проценти, се предизвикани од обиди за нанесување телесна повреда со истрел од друго или неозначено огнено оружје.
Насилните смртни случаи учествуваат со 2,5 проценти во вкупната морталност во земјата, што претставува сериозен индикатор за потребата од зголемена превенција и системска поддршка за справување со причините за овие трагични настани.