18 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Пожар кој зафати делови од Националниот парк „Јасен“ предизвика целосно затворање на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје за сите видови на возила, информира Автомобилскиот сојуз на Македонија (АМСМ).
Иако овој патен правец е блокиран, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено и по суви коловози. Според АМСМ, интензитетот на движењето е зголемен, особено на патиштата надвор од градските средини.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури каде постои зголемена опасност од појава на одрони.
Посебно ризични делници се:
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е во сила летен времен режим. Со него е воведена забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и во денови со екстремно високи температури.
СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден