18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-премиерот Арбен Фетаи ѝ честита на Албанија за отворањето на целокупниот пакет поглавја во преговорите со Европската Унија, оценувајќи го овој чекор како значаен момент во процесот на интеграција на земјата во европското семејство.
„Европската интеграција е наш заеднички пат и секој чекор напред на Албанија и регионот го зајакнува стабилитетот, соработката и нашата европска перспектива“, напиша Фетаи.
Тој нагласи дека Република Северна Македонија останува посветена на истиот правец, продолжувајќи со реформите, исполнувањето на стандардите и одговорноста кон своите граѓани.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

