06 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Езерото „Младост“, некогашно гордост на Велес и омилено излетничко место, денес е во крајно загрижувачка состојба. Површината на езерото е прекриена со густ слој алги, отпад и органски остатоци, што го претвора ова природно богатство во запуштено мочуриште со неподнослив мирис и драстично намален животински свет.
Пловниот објект, симбол на туристичката понуда на езерото, сега стои заглавен во алгите, додека некогаш декоративната куќичка за патки е опколена со мртва материја. Местото што некогаш привлекуваше рекреативци и туристи, денес сведочи за тешка еколошка деградација и институционално занемарување.
Жителите на Велес веќе долго време предупредуваат на влошувањето на состојбата, но никогаш досега ситуацијата не била толку критична. Се бара итна реакција од надлежните институции – и на локално и на државно ниво – за расчистување на езерото, подобрување на квалитетот на водата и спречување на понатамошна еколошка катастрофа.
Дополнителна загриженост изразуваат и од Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Бабуна“, кое планираше порибување на езерото со 300 тони крап. Според нив, такви услови моментално не постојат. Претседателот на здружението, Даниел Наумовски, информира дека добиле официјален допис од Хидробиолошкиот завод од Охрид, во кој, врз основа на анализа на водата, јасно стои дека водата е загадена со фекалии, без присуство на кислород и целосно непогодна за живот на риби.
Иако Министерството за земјоделство и Државниот инспекторат го одложија порибувањето во јануари, сега се бара тоа да се изврши најдоцна до 15 јуни. Наумовски предупредува дека ваквото барање е неразумно: „Состојбата не е променета – водата и натаму е загадена. Ако пуштиме риба од чиста вода во оваа, таа веднаш ќе изумре.“
Езерото „Младост“ е пример за тоа како природните ресурси можат да се уништат кога институциите не постапуваат навреме. Останува да се види дали алармот од Велес конечно ќе доведе до конкретни мерки, или и ова езеро ќе биде оставено на милост и немилост на загадувањето и негрижата.