10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Дирекцијата за извршување на санкции започна со спроведување на втора судска одлука со која се применува електронски надзор врз осудени лица. За ова информираа од институцијата преку објава на социјалната мрежа Facebook.
Како што наведуваат од Дирекцијата, минатата година Основниот суд во Велес ја донел првата пресуда со која на едно повозрасно и немоќно лице му била изречена мерка домашен притвор во траење од три месеци. Со тоа за првпат во земјава бил применет системот на електронски надзор.
Сега, за првпат е донесено и решение со кое затворска казна се заменува со домашен притвор под електронски надзор за лице кое претходно ја издржувало казната во казнено-поправна установа.
Со одлуката, преостанатиот дел од неиздржаната казна – во траење од 11 месеци и 28 дена – ќе биде заменет со домашен притвор. Осуденикот ќе ја издржува казната во својот дом, под постојан електронски надзор.
Станува збор за повозрасно лице со сериозни здравствени проблеми, кои биле потврдени и претставувале предизвик за соодветно лекување во затворските услови.
Одлуката ја донел Основниот суд во Струга. На лицето му е поставена електронска алка на зглобот од ногата, преку која се следи неговото движење. Доколку осуденикот не ги почитува упатствата за користење на уредот или ги прекрши утврдените ограничувања, службениците од пробацијата ќе ја известат надлежната судска институција, во согласност со одредбите од Законот за пробација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

